И покрај тоа што таа не се појавува на социјалните мрежи веќе неколку недели, нови фотографии од Ким Кардашијан (36) се појавија на нејзиниот официјален веб-сајт кој сега наместо на Ким, го уредува нејзиниот брат, Роберт (29).

Риалити ѕвездата на сликите изгледа среќна, додека таа и нејзините деца се облечени во костими за Ноќта на вештерките. Нејзината мајка, Крис Џенер (61), една од фотографиите, ја објави и на инстаграм.
“Знаете колку Ким ја сака Ноќта на вештерките. Таа не можеше да ја разочара Норт која беше воодушевена од костимот “Принцезата Јасмин” oбјасни Роб, додека пак малиот Сеинт, Ким го облекла во костим “Аладин”.

Сопругата на Канје Вест минатиот месец беше ограбена во стан во Париз и ѝ беше украден накитотот, во вредност од 11 милиони долари. Полицијата го испитува случајот, а напаѓачите не се пронајдени.
Ким се уште не објавува ништо на социјалните мрежи, а според американските медиуми, старлетата одлучила да се промени и да не споделува детали од нејзиниот приватен живот.