Еве која е тајната што го спасила бракот на актерот Патрик Демпси

од desk2
196 прегледи

Тајната лежи во добра комуникација и многу секс, вели актерот Патрик Демпси (50), кој е познат како секси докторот Шепард од серијата “Вовед во анатомија”.

rs_634x1024-160113081459-634-patrick-dempsey-jillian-dempsey-marie-claire-jl-011316

Пред две години, неговата сопруга, Џилиан Финк (47) поднесе барање за развод. Во моментот, не беше јасно зошто, но се шпекулираше дека тие поминуваат многу време заедно, па така тие сега се смириле.

Во брак се 17 години и имаат три деца, ќерката Талула (14) и близнаците Дарби и Саливан (9).

“Не бев подготвен да се откажам од нашиот брак. Се чувствував како да не се трудиме доволно. И двајцата сакавме да се потрудиме. Така започна се. Јас не бев подготвен да се откажам од неа, таа не беше подготвена да се откаже од мене. И двајцата се залагавме да го спасиме нашиот брак, и двајцата сакавме да се бориме.” изјави Демпси.

e04c822a52a844eb6972

За нивното помирување се шпекулираше уште пред два месеци, а нивните пријатели за медиумите открија дека парот сака да има повеќе деца.

“Размислуваат за посвојување или дури и сурогат мајка. Тие се многу возбудени, Патрик отсекогаш сакаше да има големо семејство” вели пријател на двојката.