Доналд Трамп беше рускиот фаворит за претседател на САД. Еве ,победи. Само што тој ќе ја разочара Русија во надворешнополитички план и ќе инаштети во енергетски аспект, анализира DW.

Кога стана јасно дека Доналд Трамп победи на изборите во САД, во Државната дума избувнаа силни аплаузи. Руските пратеници го усвоија триумфот на републиканскиот кандидат речиси како свој. Уште пред година Кремљ отворено ги изјави симпатиите кон тогашниот аутсајдер. А сега, по изборниот маратон, руските политички елити се чувствува задоволни. Бидејќи Владимир Путин повторно се обложуваат на победничка карта.
Рускиот сон за укинување на санкциите
За московската љубов кон Трамп има две причини. Прво: Кремљ ја отфрлаше целосно кандидатката на демократите Хилари Клинтон, бидејќи очекуваше од неа – во случај кога таа би ги освоила изборите – многу тврд курс спрема Русија. Било да е тоа во однос на Украина, Сирија или човековите права. Второ: Кремљ се радуваше на сигналите кои Доналд Трамп ги испраќаше за време на предизборната кампања – тој зборуваше за зближување со Русија и дури навести дека би можел да ја прифати анексијата на Крим. А тоа беше клучно за Путин! Рускиот претседател се надеваше и продолжува да се надева дека Доналд Трамп ќе му го прости гревот со освојување на украинскиот полуостров и ќе ги укине санкциите против Русија. Оваа надеж е зајакната со чувството дека со авторитарен мачо како Трамп би можеле да се прават добри зделки, дури и да се врзе и пријателство. Та нели двајцата претседатели се горе-долу на еден бран во однос на убедувањето! Доналд Трамп е нешто како втор Берлускони, само што е многу помоќен од Италијанецот.
Дали ќе излезат сметките на кремљскиот шеф?Никој не знае како ќе дејствува политичкиот почетник во Овалната соба – колку ќе ги слуша советниците, во својата Републиканска партија во Конгресот и Сенатот, а и дали ќе ги почитува европските партнери. Настанатата во московските глави идеја за партнерство меѓу двајца лидери кои седат заедно на масата за преговори на еднакво рамниште и да ги делат светот на сфери на влијанија, како на конференцијата во Јалта во 1945 година, има сепак еден суштински недостаток.
“Големата Америка” против “мултиполарниот свет”
Доналд Трамп беше избран за претседател поради ветувањето да ја поврати моќта на Америка. Оваа моќ се состои од внатрешните економски успеси и глобална раководна улога. Само што е сомнително дали Доналд Трамп ќе успее да ги обезбеди на своите гласачи во Среден Запад оние работни места кои тој сака да ги врати од Кина или некои други земји. Едно е јасно: дека структурните промени ќе одземат многу време. Дали жедниот за успеси и разгален од победи Трамп ќе има трпение да чека толку долго?
Новоизбраниот американски претседател ја има сепак и светската сцена, на која преку импресивни акции би можел да се обиде да го наметне чувство на моќ на Америка. А кој беше оној кој во последните години најмногу гласно ги ставаше под прашање тврдењата на САД за водечката улога во светот? Владимир Путин. Пропагираниот од него концепт за еден мултиполрен свет во кој, според Путиновите перспективи, Русија е глобален играч, не се врзува со претставата на Трамп за Америка како најголема нација на оваа земја. Ова, се разбира, нема да доведе нужно до тежок конфликт меѓу двете најголеми нуклеарни сили, како што стравуваат некои. Но импулсивниот Доналд Трамп брзо би можел да биде во искушение пред демонстративниот Владимир Путин, ако рускиот претседател се обиде да му се најде на пат. На пример во Сирија во борбата против ИД. Ако тоа се случи, рускаиот сон за “оска на моќните Москва-Вашингтон” може брзо да испари.
Избрзаната радост на Русите
Но, дури и Доналд Трамп, верен на своите изолационалистични ветувања, да оди наназад во надворешната политика: неговата економска програма за Америка не ветува ништо добро за Москва. Бидејќи таа го загрозува основниот руски извор на приход. Имено: профитот од извозот на енергетски суровини. Идниот американски претседател не се возбудува особено од заштитата на климата и се обложува повторно на фосилните енергенси.
Доналд Трамп би можел да укине некои еколошки барања и да го промовира производството на гас од шкрилци преку фракинг, за да создаде работни места и да ја намали зависноста од увоз. Ваквиот потег би довел до нов пад на светските цени на нафтата. А засилената екстракција на гас од шкрилци и истовременото зајакнување на употребата на јаглен за електрична енергија ќе и овозможи на Америка да извезува многу повеќе течен гас за Европа, што пак ја намалува драстично добивката на големиот руски играч “Газпром”.
Кажано накратко: аплаузот во Државната дума изгледаат избрзан. Најверојатно подоцна ќе се покаже дека за Путинова Русија изборната победа на Доналд Трамп, слично на Крим, е сјајна тактичка победа и истовремено – уништувачки стратешки пораз.