Четири датуми и пет дестинации се најреални сценарија.

Денес од прес-службата на Кремљ е соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин имал телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Она што сепак го возбудува целиот свет е кога двајцата водачи ќе се состанат во живо.
Рускиот сајт vz.ru направи сеопфатна анализа за варијантите.
Првата опција е тоа да се случи на 20 јануари 2017 година.
На почетокот на следната година Доналд Трамп треба официјално да стапи на должност како претседател на САД. За аналитичарите не е потребно да се чека официјалната церемонија, за да се одржи средба со неговиот руски колега. Причините се дека веќе сите го прифаќаат милијардерот како 45-ти претседател на САД, а и самиот тој изјави уште на 17 октомври во интервју за “Политико”, дека “може да се сретне со Путин уште пред почетокот на претседателските овластувања”.
Втората опција е во уште блиска иднина – ноември или декември.
На 19 декември Трамп ќе биде официјално избран за претседател на Изборната комисија на САД, но од друга страна тоа е чиста формалност така што без да се нарушува “протоколот” средбата со Путин може да биде и во овој ден.
Варијациите за местото на средбата меѓу двајцата светски лидери исто така се неколку. Главно се споменуваат три места – на територијата на САД, на територијата на Русија или на неутрална земја.
во
Опција тоа да е САД речиси е нула. Причината е дека Владимир во целина одбива да лета до САД.
Средбата во Русија исто изгледа речиси невозможна. Причината е дека ако Трамп отиде на нозе кај рускиот колега тоа може да предизвика незадоволство во неговата идна администрација, како и критики во печатот.
Најреална останува варијантата важната средба да се одржи на неутрална земја. Во овој случај Трамп ќе треба да се усогласи со визијаат на Путин, а тое ќе бидат во Латинска Америка и Јапонија.
“Царот на Истокот средба за иднината во западниот дел на светот”, пишуваат аналитичарите, мислејќи на средба во Латинска Америка. Таму на 19-20 ноември во Лима ќе се одржи годишен состанок на врвот на АПЕК, на која се очекува да присуствуваат и двајцата лидери.
Путин ќе биде и во Јапонија меѓу 15 и 19 декември. Евентуална средба може да се одржи во градот Јамагучи.
Опција е и Алјаска или Чукотка. Границата меѓу САД и Русија е речиси идеално место за нивната прва средба.
Каде и кога точно ќе биде средбата меѓу најважните светски лидери претстои да видиме.