Меркел ќе се кандидира за нов четврти мандат

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Меркел се подготвува за нов мандат како канцелар.

merkel

Сојузниот канцелар Ангела Меркел најави дека ќе се кандидира за нов четврти мандат, соопшти Си Ен Ен. Изборите за Бундестаг ќе се одржат во септември 2017 година Меркел е на власт од 2005 година Таа управуваше последователно во коалиција со СПД од 2005 до 2009 година, со Слободната демократска партија од 2009 до 2013 и повторно во коалиција со социјалдемократите од 2013 година.

Вчера стана јасно дека предводена од неа конзервативна коалиција ХДЗ / ЦСУ ќе го поддржи за претседател на земјата досегашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Во последниве месеци таа понесе сериозни удари заради миграциската криза, која ја  стави на тест Германија и целата Европска унија. Миграцискиот прилив доведе до сериозна загуба на популарност, христијанско-демократите на Меркел дури  ги загубија изборите во нејзината родна провинција Мекленбург-Западна Померанија.

Во исто време сила доби и крајната десница во лицето на “Алтернатива за Германија”. Германија останува водечка економска сила на Стариот континент и има добри економски резултати, кои и даваат на Меркел причина да се надева на нов четврти мандат