Ким Кардашијан се врати во фокусот на вниманието на јавноста. Реалити ѕвездата сподели неколку фотографии од Ноќта на вештерките оваа година.
Сопругата на Кание Вест го покажа костимот од празникот, кој бил специјално дизајниран да ја израдува ќерка ѝ Норт.
И покрј стресот, кој го доживеа заради вооружениот грабеж во Париз на крајот на септември, Ким сепак наоѓа сили да се забавува со семејството дома!
По трауматичниот инцидент госпоѓа Вест престана да биде активна во социјалните медиуми и јасно покажа дека има потреба од одмор.
Сепак 35-годишната славна споделила неколку слики од себе и своите деца од ноќта на вештерките.
Се гледа дека таа ги маскирала своите деца Норт и Сент исто како во приказната за Аладин, додека таа и ќерка ѝ носат исти костуми на Јасмин. Според некои жолти медиуми сепак Ким личи повеќе не на принцезата Јасмин, туку на обична бели денс танчерка.

