(ГАЛЕРИЈА) Џиџи Адид: Сакам да му се насладувам на Зејн

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Магнетниот топмодел Џиџи Адид позира во новиот број на списанието Allure пред објективот на модниот фотограф Патрик Демаршелие.2eed58c586aac3134e0fe43768361ce8

21-годишната убавица вели дека обожава кога дечко ѝ Зејн Малик ѝ пее, свири на гитара, а е топлес: “Тоа е супер глетка. Никогаш нема да се пожалам од нешто слично “, вели русокосата.

Таа коментираше и тоа што многу сака да им докаже на луѓето дека е добар човек, освен очигледното дека е убавица: “Секогаш сакам да им покажувам на луѓето дека сум добар човек. Многу луѓе не сфаќаат дека има разлика како човек е виден. Моќта на нивната дискреција може да ми испраќа негативна или позитивна енергија. “

Адид има 3 милиони следбеници на Twitter, 25 милиони во Instagram и уште милиони во Snapchat. Таа вели дека смета дека славата во социјалните медиуми се должи на нешто специфично. Токму на тоа дека не треба некоја посебна стратегија која ќе ѝ донесе успех, туку дека споделува се сосема природно, како што се чувствува.

Видете ги сликите на Џиџи за изданието во галеријата.