(ВИДЕО) Советник на Порошенко ги покажа испитувања на најновото “страшно украинско оружје”

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Новата украинска “голема” и “точна” ракета лета цели 60 километри.

1479322407-rere

Советникот на украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина спровела тест на нова ракета. Според зборовите на Јуриј Бирјуков, тестирањата поминале успешно.
Бирјуков исто така објави видео од тестирањата на “големата” и “точна” ракета.

“Можеме да правиме ракети”, напиша уште Бирјуков.

Самиот Порошенко исто така изјави дека тестовите поминале успешно. Шефот на државата напиша на својот профил на Фејсбук дека ракетата покажала висок степен на точност.

При тоа, според зборовите на украинскиот лидер, должината на летот на новото оружје е 60 километри.

Порошенко сепак не прецизираше за каков модел на ракета станува збор.