(ВИДЕО) Екс-судијата Зафиров во „10 минути“: Судиите се кренаа против криминалот

од Vladimir Zorba
147 прегледи

zafirov

Поранешниот судија Валентин Зафиров во вечерашното издание на „10 минути“ на ТВ21 говореше за состојбата со правосудството во земјата по случувањата во Кривичниот суд. „Не се кренаа судиите, против судиите, туку судиите против криминалот“.

Тој го повика обвинителот Марко Зврлевски, да преиспита дали има кривично дело Злоупотреба во предметот „Ликвидација“ бидејќи предметот, како што вели, 22 месеци не може да стигне до Врховниот суд, со што му се ускратува правото на тристепено судење и правдата да ја бара во Судот за човекови права во Стразбур.