Љубителите на огнено оружје ја испратија Хилари во “пензија”

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Кампањата на Клинтон беше основана на омраза кон нас, изјавија од  асоцијацијата за оружја на САД  20101130-xdlyyaenvm

Претседателот на Националната огнена асоцијација на САД Вејн ЛаПир изјави дека предизборната кампања на Хилари Клинтон била основана “на омразата против правото на поседување на огнено оружје” и тоа е причината таа да биде испратена на “постојан политичка одмор”  или пензија од оние гласачи кои ја  поддржувале втората измена на уставот на САД, пренесоа Breitbart,

“Хилари Клинтон направи омраза кон втората измена- централно прашање во предизборната кампања.Како резултат на оваа фатална грешка таа денес е политички аут и пензионерка  “, изјави ЛаПир.

Тој посочи дека добрите вести дека политичката ѕвезда на Клинтон е на залез , а  се компензираат од тоа дека актуелниот претседател Барак Обама за време на неговиот мандат е пополни правниот систем со судии кои се против втората измена, дава право на луѓето да поседуваат огнено оружје. Тој ги  опиша овие судии како “болест без лекување” и посочи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп е човекот кој може да ја запре заканата за  назначување судии кои го почитуваат уставот.

“Индивидуалните права на сопственост на огнено оружје за заштита на животот на нас и на нашите семејства не застанува тука. Апелирам Конгресот и новоизбраниот претседател да издадат закон кој треба да даде право на поседување на огнено оружје “, додаде тој.