Џенифер Гарнер и Бен Афлек се појавија заедно на излегување од црквата и веднаш беа уловени од објективите.
Будните папараци сè почесто ги откриваат разделените сопружници да се појавуваат заедно на јавни места – било да е тоа на гласање, на одмор или во романтични ресторани.
Според извори блиски до опкружувањето на двајцата актери, Бен Афлек прави сè што е можно за да се смири пак со Џенифер Гарнер, вклучувајќи и посети кај семеен терапевт. Судејќи според сè, оваа тактика му помага.
Актерите веќе често се забележани да вечераат заедно и по сè изгледа дека има затоплување на односите.
Пред една година тие се разделија, но сè уште не ги потпишале документите за развод. Причините за разделбата сè уште остануваат нејасни, иако се зборува дека една од можните е блискоста меѓу Бен Афлек и неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.