Тејлор Свифт е најбогатата млада ѕвезда според Форбс

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Тејлор Свифт беше прогласена од списанието Forbes за најбогатата ѕвезда под 30 години. Оваа примамлива позиција пејачката ја освои откако стана јасно дека за периодот помеѓу 1 јуни 2015 година и 1 јуни 2016 година се здобила со сумата од 170 милиони долари.c032c0008b19bb71db4a406ef929f27b

Приходите се прво од успешниот нејзин албум “1989”, како и од светската нејзина турнеја. Свифт имаше и неколку промотивни договори, кои исто така придонеле за масивното богатство.

Ѕвездата и поранешна партнерка на актерот Том Хидлстон, беше прогласена претходно овој месец и за највисокоплатената жена во музичкиот бизнис.

Во листата на Forbes ја следат минатогодишните првенци – момците од британско-ирската формација “One Direction” со 110 милиони.

Третото место не е за музичар, туку за фудбалерот Лионел Меси, кој е сопственик на 81,5 милиони.

Петорката ја дополнуваат Адел и Ријана. Првата со 80,5 милиони, а втората со 75 милиони.

Џастин Бибер исто влегува во листата, и тоа како најмладиот изведувач меѓу останатите богаташи. Тој се здобил со 56 милиони долари.

На 12-то место, надвор од првите 10 се наоѓа и највисокоплатената холивудска актерка Џенифер Лоренс. 26-годишната добитничка на “Оскар” се здобила со 46 милиони.

Раперот Дрејк, за кого се зборува дека ѝ се додворува на победничката во рангирањето Тејлор Свифт, е на 17-то место со 38 милиони долари.