Двејн Џонсон Карпата изненадувачки го предводи овогодинешното рангирање на People за најсексапилниот маж на светот. Поранешниот кечист и актуелен актер ја краси насловната страница на последниот број на медиумот во кој коментира како се “здоби со титулата”.99271a05b7c5ac548b940532856b8b97

“Тоа е прашање што може да ми донесе проблеми. Мислам дека ја добив, бидејќи не се трудам да сум секси, туку убеден и кул во филмовите. Сметам дека со фановите сме на многу подобро место, каде што јасно ја сфаќаат разликата меѓу актерот Двејн и мажот надвор камерата “, објасни 44-годишниот актер.

А сепак не само фасцинацијата му помогна да стане миленик на дамите. Карпата додаде дека се грижи за лицето, така што редовно му прави пилинг и го мачка со креми.

“Имаме само едно лице и треба да се грижиме за него. Јас го ексфолирам моето “, рече ѕвездата.

Дамите може и да воздивнуваат по мускулестиот убавец, но неговото срце е зафатено со години. Двејн има 11-месечна ќерка Јасмин од долгогодишната партнерка Лорен Хашијан и 15-годишна ќерка од бракот со Данута Гарсија.

Џонсон коментира дека семејството му е доста “неконвенционално”, но тоа функционира совршено за него.