Жежок гол скандал може да гја уништи врската на принцот Хари и актерката Меган Маркъл. Прекрасната бринета имала бурно патување низ Нов Зеланд, во кое пришетала со поранешниот сопруг Тревор, како од мајка родена.
Случката се одвивала во далечната 2012 година за време на романтично патување на тогашните сопрузи. Двајцата се соблекле за да попливаат кога луѓето од регионот ја украле нивната облека и тие требало да ги бркаат скроз голи.
“Бев шокирана! Не можев да си ја најдам облеката и мораше да бегаме до сместувањето, за да се облечеме “, ја коментираше случката пред многу време Меган.
Години подоцна убавицата била силно загрижена дека минатото ќе ја стигне и сликите од онаа луда авантура ќе излезат онлајн и ќе ѝ го уништат односот со принцот Хари, пишува RadarOnline.
“Претходно воопшто не и ‘беше гајле дали некој може да разбере за оваа приказна. Но сега, кога официјално се среќава со принцот Хари, таа е преплашена дека снимката може да го “сруши интернетот” и тоа да стави крај на односитесо принцот.Таа е свесна дека Хари не сака ваков вид публицитет “, коментира блиска до Меган пред медиумите.
Во 2012 Кејт Мидлтон исто така се најде во центарот на свој “гол скандал”, но тоа не го спречи бракот со принцот Вилијам. Разликата беше дека тие веќе беа во брак!
“Случајот со Меган и Хари не е таков. Тие сè уште се во деликатна фаза и луѓето на Хари ќе го притиснат да ја шутне, ако дојде до сличен скандал. Без разлика што тој би ја поддржал, притисокот врз него ќе е огромен “, додаде изворот.
Во меѓувреме семејството на Маркел било раздвоено за новиот нејзин статус на девојка на принц. Нејзиниот татко бил силно загрижен поради медиумското внимание кое го добива, а поголемата нејзина сестра неодамна ја обвини во британскиот печат дека се обидува да освои повеќе слава покрај односите со кралското семејство.