Американски возачи на такси учествуваа во еротска фотосесија во стил pin up – уметноста на заведување, пренесе Mashable.
Идејата била на сопружниците Филип и Шенон Киркман кои веќе правеле сличен албум како подарок за членовите на семејството. Мажот дури ја оставил работата на финансиер, за да се посвети на кампањата.
Во својство на модели, Американците ги избраа возачите на “жолто такси”. Двојката смета дека независно од акутната потреба која жителите на градот ја гледаат во таксистите, тие практично ништо не знаат за овие луѓе.
Во календарот за новата 2017 година присуствуваат само мажи, но следниот пат Киркман сака да привлече и жени возачи во фотосесијата.
Календарот може да се преземе од сајтот на проектот, а цената на еден примерок е 14,99 долари. Дел од износот сопружниците ќе го дадат на организацијата University Settlement, која им помага на повеќе од 30 илјади имигранти во Њујорк.
Видете ги во галеријата.