Барак Обама направи изненадувачки признание за време на посетата на Германија и ја нарече Русија “воена супер држава”. Тој рече дека очекува од Трамп да продолжи да соработува со Руската федерација, но и да се противи таму каде интересите на Путин се разликуваат од американските.

Барак Обама се сретна со Меркел и  ја изврши последната како претседател посета на Европа, а во изјавите се обидуваше да ги убеди сите дека нема да се случат големи промени во светските односи со доаѓањето на Трамп на власт.

“Моите принципи во однос на Русија не се променети уште од моите први денови како претседател. Русија е важна држава, таа е воена супердржава која има влијание во регионот и во светот”, изјави Обама и додаде дека ако Русија е успешна, тоа носи  само корист за САД.

Независно од реториката американскиот претседател разговараше со европските лидери  за важноста антируски санкции да бидат продолжени и дури  се обиде да најде пристап кон секоја од “неодржливите ” држави. На пример на Грција тој и вети дека ќе се справи со економскиот колапс во кој земјата се наоѓа.

Обама изрази надеж дека Трамп ќе соработува со Русија, но ќе се спротивставува таму каде интересите на двете страни се разминуваат.

Меркел, од своја страна, исто така, рече дека Германија има потреба од добри односи со Русија.