
Џастин Бибер одлучи да граби со полни раце од животот и да се насладува со што повеќе девојки, бидејќи се уште нема официјална девојка. Ова стана јасно по концертот во Прага, кога тој покани шест локални девојки во хотелска соба.
Интересно е дека младите биле повикани не преку лична покана, туку преку социјалните медиуми. Директорката на локална модната агенција на Facebook ја постави следнава порака: “8 убави девојки за вечера и забава со Џастин Бибер во Прага. Не се плаќа. Ако сте заинтересирани, пишете ми брзо. Ќе ги информирам избраните за местото и времето на средбата. Треба да сте таму по еден час, да се однесувате добро и да зборувате англиски. ”
Интересно е дека и покрај популарноста на Бибер меѓу нежниот дел од населението, само 6 девојки одговориле на поканата. На социјалните медиуми се појави кратко видео како девојките и пејачот се забавуваат во неговата соба.