(ВИДЕО) Oбезбедувањето на СЈО спречи дел од новинарите да влезат, па Јанева се извини

од Vladimir Zorba
86 прегледи

civil

Обезбедувањето на вратата на Специјалното јавно обвинителство не им дозволи да влезат на прес-конференција на новинарите на ЦИВИЛ Медиа, ТВ Алфа и неделникот „Фокус“, бидејќи наводно, задоцниле.

На Фејсбук-страницата на СЈО, имаше најава дека во 11 часот ќе се одржи прес-конференција, но иако новинарите пристигнаа околу 10:50, сепак, обезбедувањето реши да не ја отвори вратата со образложение дека пресот е веќе започнат.

Но, додека новинарите чекаа пред вратата на СЈО, дојдоа и претставници на ОБСЕ кои беа внесени од посебен влез. Најгласно изреагира новинарот на „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кого обезбедувањето физички го отстрани од влезот. По инцидентот, обезбедувањето ги отвори вратите за новинарите.

Специјалната обвинителка Катица Јанева им се извини на новинарите за немилиот настан.

Извор: Цивил Медиа