Програмите на нашите телевизии изобилуваат со турски серии и емисии во кои се бираат таленти од пензионери па до млади вели Бранко Огњановски или Миле Паника во Ноќен експрес на Канал 77, на тема одумирање или ново раѓање на телевизијата.
Принуден сум често каналите да ги вртам на странските сателитски телевизии и ако се спореди какви телевизии има мислам дека нашиве се повеќе ќе губат гледачи, вели Огњановски.
Сме заборавиле што значи добра телевизија и гледачите немаат со што да споредат.
Доволно е да ги погледнете српските телевизии или било која регионална телевизија ќе ви стане јасно колку сме заостанале на тој план. Едноставно тоа им се враќа на телевизиите како бумеранг и затоа секојдневно се помалку гледачи имаат, посочува Огњановски.
Според Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите линеарната Телевизија нема да опстане. Токму поради новите продукции и програми кои на интернет се нудат и луѓето кои што сакаат да дојдат до квалитетна содржина пред се за документарна продукција, вести, дебата или за нас кои се занимаваме со следење на медиумите пред се од таа нивна информативна, од аспектите на слобода на информирање и слобода на изразување. Пристапот до содржини е олеснет и сега секој може да дојде до онаа содржина која сака, во моментот кога сака и во моментот кога нему му е најдобро и во таа смисла линеарната телевизија кога некој уредник ти нуди во точно одредено време и само тогаш да гледаш вести, серија, филм, тешко дека ќе може да опстане како таква. Следува ера на слободно избирање на содржините, самостојно креирање на програмата. и крај на контролираното информирање од државата и моќниците…Она што најверојатно ќе го имаме се некакви депозитари, огромни бази со содржини со кои ќе раководат компании кои се занимаваат со производство и продукција и ќе треба да платите за да дојдете до омилената содржина , вели Дејан Георгиевски во Ноќен експрес.
Заостануваме со продукции во регионот затоа што не се трудиме и нема кој да финансира. Воопшто не можеме да се споредуваме со регионалните телевизии, Колку тие се отидени напред покажува на пример хрватска продукција која на една конференција во Дубровник успеа по емитување на премиерата на една епизода од нивната нова серија „Новине„ да го продаде целиот серијал на една од најголемите израелски продукции „Кешет„ раскажува за Ноќен Експрес Жарко Димитриоски од Еден на Еден.
Многу напред се отидени и бугарските подукции кои своите серии и есмиии ги продаваат ширум светот. Ние заостануваме затоа што не сакаме. Нашите телевизии немаат имагинација за да се движиме напред, а домашна продукција нема да имаме затоа што никој не сака да финансира, потенцира во Ноќен Експрес Димитриоски.