Авион на федералната администрација за авијација се урна во американската држава Невада, пренесува Фокс њуз.

На леталото имало четири лица, од кои едниот е тешко повреден пациент, транспортиран за лекување. Загинати се сите.
Причините кои доведоа до инцидентот, се непознати во моментов. Наводно, авионот се растурил веднаш по полетувањето, предизвикувајќи серија експлозии и пожар во близина на казино. Има повредени, но нивниот број во моментов не е утврден.