Пред утрешниот старт на кампањата, денеска од сите потпис за фер избори!

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 Коалициите и политичките партии кои ќе учествуваат на изборите на 11 декември денеска  ќе потпишат Кодекс со кој ќе се обврзат за фер и демократски изборен процес.

В понеделник, 21 ноември, почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе трае до 9 декември на полноќ.

Партиите и коалициите се подготвуваат за митинзи и средби со граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, ДУИ во Липково, Коалицијата за промени и правда од Скопје…

izbori-mkd

Во ДИК  со жребување беше утврден редоследот на учесниците на изборите на гласачкото ливче.

Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,

под редниот број два е Демократската партија на Албанците (ДПА),

тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ),

редниот број четири го извлече Коалицијата предводена од СДСМ,

Под број пет на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата „За промени и правда“, предводена од Демократскиот сојуз,

шеста ќе биде Партијата за демок.атски просперитет (ПДП),

седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“,

осма Либералната партија,

деветта ВМРО-За Македонија,

десетта на избирачкото ливче ќе биде Движење БЕСА ,

и 11 политичката партија Левица.

Под овие броеви коалициите и политичките партии ќе настапуваат во сите изборни единици.

На изборите на 11 декември ќе учествуваат 11 политички субјекти – пет коалиции и шест партии.

Право на глас ќе имаат вкупно 1.784.524 граѓани. Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјани.