Пена ги исполни улиците на калифорнискиот град Санта Клара

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Жителите на калифорнискиот град Санта Клара имаа невообичаена причина да излезат на улица вчера. 5168959Пена со човечка висина ги покри дел од улиците во градот, обезбедувајќи часови забава за мали и големи.

Причина за необичниот инцидент е грешка во противпожарниот систем на аеродромски хангар од каде дошла  пената.

“Како нешто да не е во ред во пена-парти”, се пошегува очевидец пред локалниот телевизиски канал KGO.

Според медиумот, висината на пената достигнала на места до 3 метри. Таа се проширила на територијата еднакво на целиот станбен кварт, а најгуста била околу својот извор – хангар за приватни авиони.

“Како сапуница. И мириса на ист начин “, изјави велосипедист, кој храбро помина низ пената со велосипед. Според податоци од противпожарната служба на Сан Хозе таква пена обично се користи при гасење на пожари.