Форбс – Џерси сити
Можеби не знаете, но Русија губи. Официјалните информации кои ги налага Кремљ преку моќната пропагандна машинерија, се дека Русија ги зацврстува своите позиции на светската арена и дека статусот на стабилна држава закрепува. Со текот на времето, таквата информација навлезе и во официјален Вашингтон до тој степен што стана во поголема или помала мера традиционална тема дури и во претседателската кампања.

Само што економските показатели покажуваат нешто сосема поинакво. Русија можеби прави големи чекори на меѓународната сцена, но две години по воведувањето на американските и европските санкции кои беа воведени заради Украина (а исто и како резултат на големото трајно поевтинување на светскиот пазар на нафта) финансиската прогноза за земјата е мрачна и станува се помрачна.
Неодамна весникот Тајмс оф Лондон соопшти дека државните резерви на Русија се намалиле за две третини од почетокот на непријателските дејствија во Украина во 2014 година. До тој момент резервите изнесувале безмалку 88 милијарди долари, а денес се околу 30 милијарди долари. И додека владата ги користи веќе исцрпените фондови во поддршка на обескрвениот национален буџет, растечката економска криза одведе милиони луѓе во сиромаштија и целосно го сопре порастот на животниот стандард, кој Русија го постигна во изминатите години.
Рускиот план „да се зачуваат пари за црни денови“ или таканаречениот Резервен фонд на Русија, го доживеа најсилниот удар. Според сегашните оценки, тој може уште годинава да пропадне. И иако министерството за финансии прави чекори за спречување на таков развој на ситуацијата продавајќи странски валути за финансирање на буџетот, федералните расходи, исто како и претходно, многу брзо ги исцрпуваат резервите.
Обичните руски граѓани се посилно чуствуваат дека се под притисок. Едно неодамнешно истражување кое го направи телевизискиот канал Дожд, еден од последните слободни руски медиуми, покажа дека 74 проценти од Русите признаваат дека во земјата има економски проблеми. Истиот број на испитаници во истражувањето посочуваат дека најсериозниот проблем со кој тие се соочуваат е забрзаната инфлација. Скоро половина од испитаниците (49 проценти) ја истакнуваат како најголем проблем беспарицата, а горе-долу истиот процент (43 проценти) невработеноста. И иако во постепено забрзаната авторитарна политичка клима во Русија истражувањата на јавното мислење се безнадежни, резултатите посочуваат дека владата на Путин може да се исправи пред се поголемото незадоволство.
Но сепак тоа не доведе до промена на мислењето на Кремљ. Ако ги земеме предвид неодамнешните парламентарни избори во земјата (кои се случија во септември) и претстојното гласање за претседател во следната година, руските власти се заложија за други свои политички приоритети. „Министерството за финансии не планира значително скратување на државните расходи пред изборите за пратеници за Државната дума и гласањето за претседател“, напиша Москоу тајмс. Наместо тоа, „Русија ќе ги пополнува дупките во буџетот кои се отворија заради постојаното намалување на БДП за сметка на фондови и кредити“, а со тоа внатрешните заеми, според прогнозите, ќе нарастат „четири до пет пати следните три години“. Но тоа не е трајно решение затоа што државните расходи на Русија несопирливо растат.
Москва, на пример, реши да ја потврди својата воена поддршка за режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад и започна обемни воени операции. Според руската информативна агенција за финансиски вести РосБизнисКонслатинг, Москва потроши 10 милијарди рубљи (150 милиони долари) само за воени испораки во Сирија. Сумите кои ги дава за редовните воени единици и скапите воени напади против непријателски цели, се уште поголеми.
Новите руски територијални придобивки исто ишмукуваат средства од кремљската каса. Кримскиот полуостров, кој беше анектиран од страна на Москва пролетта 2014 година, по референдумот до чии резултати се стигна преку политички махинации, исцедува допонителни 10 милијари долари заради ветувањата на Кремљ дека ќе ја развива инфраструктурата во тој регион и да ги подобри социјалните услуги. Заради тоа недостигаат средтва за другите региони кои преживуваат и на кои им се неоходни капитални инвестиции, а тоа пак води до засилување на незадоволството на обичните граѓани.
Во меѓувреме, огромната мрежа од руски државни корпорации со сите сили се обидува да се задржи на површината соочувајќи се со неопходноста од нови и нови пакети помош од Кремљ. Минатата година, владата на Путин освен другото, беше принудена да вбризга огромни суми за да го спаси најголемиот државен производител на авиони. Освен тоа, владата се обидува да изврши обемна приватизација за да ги потпомогне компаниите од енергетскиот сектор, кои се во лоша состојба.
Со други зборви, руската економија се повеќе се приближува до пропаст. Само времето ќе покаже дали тоа ќе доведе до појава на силна опозиција на владата на Путин. Но едно е апсолутно јасно: стремежот на Кремљ да ја поврати некогашната глобална величина е поткопано од внатрешната економска ситуација која е повеќе од сурова. Западните лидери кои вистински се заинтересирани во иднина да не дојде до руска агресија, треба да го имаат предвид ова и да ги искористат своите политички предности.
Илан Берман е потпретседател на Американскиот совет за надворешна политика, а Аманда Азинеира е научен соработник во истата организација.