Неврохирургот, кој планира да ја направи операцијата, на конференција во Глазгов го претстави системот.

Неврохирургот, кој планира да ја направи првата во светот операција за трансплантација на глава, на конференција во Глазгов го претстави системот за виртуелна реалност со која ќе го подготви пациентт “за животот со новото тело”.
Системот е создадена од американската фирма “Инвентим”. Пациентот ќе тренира со неа месеци пред операцијата, за да бидат спречени неочекувани психолошки реакции.
Операцијата е замислена од италијанскиот неврохирург Серџо Канаверал. Тој се надева таа да им помага на луѓе, парализирани од главата надолу. Кандидат да се подложи на ваква операција е Русинот Валериј Спиридонов – компјутерски специјалист, кој страда од невродегенеративни болести, прикован во инвалидска количка.
“Виртуелните симулации се многу важни, бидејќи овој вид системи овозможуваат да биде вовлечен во акција и да учи брзо и ефикасно – рече Спиридонов. – Како компјутерски специјалист, јас сум категорично уверен дека тоа е многу важна технологија за проектот”.
За операцијата Фарид Амируш од Универзитетот на Илиноис создал посебен нож, кој ги контролира резовите до микрометар (еден милионити од метарот). Целта е да биде сведен на минимум оштетувањето на нервите при сечењето на ‘рбетниот мозок.