НАСА пресретна необичен објект – покажуваат сликите на сонцето: Луѓето во светот се прашуваат – што е тоа?

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Научниците забележале огромна, сина топка.

1479668553-3-1

Необичниот објект снимен близу сонцето, направени од НАСА предизвика вистинска бура меѓу луѓето во светот и сите се прашуваат – што е тоа. Откритието дури предизвика коментари меѓу уфолозите дека конечно се пресретнати докази за вонземјани.

За чудниот објект прва соопшти на интернет Памела Џонсон. Огромната сина топка се забележува на фотографии направени од сателит SECCHI, кој во рамките на меѓународниот проект го скенира сончевото зрачење веќе десет години.

Серијата од слики, каде што се гледа и сината топка, предизвикаа секакви дебати. Според Џонсон сонцето реагирало на присуство на мистериозната топка.

“Би рекла дека станува збор за планета, но не се гледа дека таа се движи и одеднаш исчезнува”, претпоставува Џонсон.