Компанијата Seven Dreamers работела десет години врз Laundroid, кој треба да се појави на пазарот следната година.

Кога јапонска стартап компанија прва во светот го претстави робот кој збира алиштата, некои критичари го нарекоа “смешен, сериозен и загуба на инженеринг таленто”. Но гигантот во електрониката Panasonic не смета така и инвестира 60 милиони долари во проектот, пишува ВВС.
Компанијата Seven Dreamers работела десет години на робот Laundroid, кој треба да се појави на пазарот следната година. Компанијата тврди дека тој може да склопи кошула за десет минути. Се уште не е прогласена цена на машината, која е приближно со големина на гардероба и користи вештачка интелигенција и технологија за откривање на слики, за да збира и подредува облеката.
Panasonic и Mozilla ја создаваат следната генерација паметни телевизори. Целта е оперативниот систем да стане платформа за идните “паметни” домови. Но Seven Dreamers соопшти дека роботот има потенцијал да го револуционизира животот во домот. Таа соопшти машината може да создаде повеќе слободно време, бидејќи човек поминува просечно 9000 часа или 375 дена од животот во виткање на алиштата.
Panasonic изјави за ВВС дека финансира само 10% од проектот, додавајќи дека “обезбедува експертиза” за универзален уред кој исто така може да пере и суши алиштата. Предвидено е таа да се појави на пазарот во 2019 година. Јапонската компанија Daiwa Housing е друг малцински инвеститор во проектот.