Колумнист на Guardian: На Обама не му беше до Европа!

од desk3
67 прегледи

Европа ќе го посакува Барак Обама, меѓутоа на него се не му беше до неа, пишува колумнистката од The Guardian Натали Нугејред.

“Мистер претседател, ние се простуваме со вас со измешани чувства: недостатокот на вашиот интерес за нашиот континент ни излезе скапо” – се обраќа таа лично кон Обама во својата колумна, каде пишува дека над Европа се надвиснати “темни облаци”.

1479743818-aaaa-sashch-obama-si-otiva

Според Нугејред, Европа никогаш особено не го интересирала Обама. “Азија отсекогаш била вашата надворешнополитичка страст” – вели таа.

Според новинарката, Обама се обратил кон Европа – или барем кон Германија дури сега, што е премногу доцна.

“Вашата очигледна отстраненост од Европа во текот на сите овие години се сигнал дека континентот имаше малку значење за Америка” – пишува таа, тврдејќи дека токму тоа му го “расчистило патот” на Путин и на европските политичари кои му се восхитуваат.

Нугејред исто така забележува дека “киднапирањето на вниманието” на Обама од Европа исто така доведе до таму што некогаш “нескршливата” трансатлантска алијанса почна да “се троши”.

Рамнодушноста на Обама е само едно од двете големи разочарувања на Европа. Второто, според Нугејред, е ефектот на неговата блискоисточна политика: Обама обрнуваше големо внимание на борбата со ИД, а не на противењето на силите на Башар Асад.