Ако тој навистина сака да стави крај на сегашната политика, која и онака е осудена на неуспех, потребна ќе му биде флексибилност
Русија е главен надворешнополитички приоритет на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, смета американскиот политиколог Јан Бремр, основач на меѓународната истражувачка-консултантска фирма Eurasia Group. “Постојат голем број земји во светот, со кои Трамп ќе се обиде сериозно да ги подобри односите. Би ги навел Израел, Турција, Јапонија, но Русија ја поставувам на прво место “, рече Бремр.
На прашањето дали Трамп ќе успее да го надмине домашниот отпор, Бремр одговара потврдно.
Експертот потсетува дека и двата дома на американскиот Конгрес остануваат под контрола на републиканците.
“Дури и да не се согласуваат со Трамп по многу прашања на надворешната политика, сепак тој е претседател од нивната партија, тие треба да се во согласност со него”, истакнува Бремр.
“Ако тој (Трамп) навистина сака да постигне разбирање со Русите и да стави крај на сегашната политика, која, според многумина, онака е осудена на неуспех, сметам дека ќе му е потребна флексибилност”, истакнува американскиот политиколог.