Кание Вест се мести да биде следниот претседател во 2020

од Vladimir Zorba
92 прегледи

За време на својот концерт во Сан Диего, раперот познат повеќе покрај скандалите и сопругата отколку покрај музиката, ги објави плановите да се кандидира за претседател во 2020 година.5168316 Говорот, со кој ги прекина настапите, за да зборува за политика, избори и Трамп, го предизвика гневот на фановите и му донесе масовни свирежи.

Тоа, сепак, не ја спречи ѕвездата да продолжи со споделувањето на своите амбиции. Пред публиката, тој вети дека “ќе ја преземе функцијата во 2020 г и ќе покаже како никој друг досега како точно треба да се врши претседателската работа”.

Во некратката изјава тој повеќепати ја спомена и поддршката за Трамп, споредувајќи го со “гениј”. Во “Твитер” тој ја најави и првата идеја за реформи – зголемување на платите на наставниците и намалување на цените на учебниците.

Минатата година, за време на церемонијата за доделувањето на “Музичките видео награди” на MTV, Вест за првпат ги соопшти своите амбиции. “Кога зборувам за идејата да станам претседател, јас не се обидувам да кажам дека имам политички ставови. Немам такви. Но имам увид човештвото, врз вистината. И ако можам да направам нешто со денови за да постигнам промена, ќе го направам. “