Група италијански хотели предложија да ги враќаат парите за престој во нив н парови, ако тие докажат дека зачнале дете за време на нивниот престој во хотелите.
Во акцијата учествуваат 10 хотели од историскиот регион Асизи. Мотото на кампањата е: “Дојдете во Асизи. Заедно! ”
Покрај наплата, некои хотели нудат и бесплатни викенди. Оние кои сакаат да си ги вратат парите треба да достават извод на родените, кој докажува дека детето се родило 9 месеци (плус-минус 10 дена) по нивниот престој во хотелот.
Целта на акцијата е привлекување на туристите во историскиот регион на Италија. Покрај тоа кампањата се надева дека ќе го сврти вниманието на општеството врз нискиот наталитет во земјата.