Новинари во знак на бојкот напуштија собир за време на говор на премиерот Вучиќ

од desk3
81 прегледи

Новинари од српски здруженија ја напуштија синоќа салата каде се одржуваше регионален медиумски собир во момент кога почна да зборува српскиот премиер Александар Вучиќ, јавуваат српски медиуми.

Собирот го напуштиле новинари од Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), КРИК, од БИРН, Центарот за истражувачко новинарство од Црна Гора и Маглочистач од Суботица како и други новинари.

protest-novinari-ne-klece-novinarineklece-foto-damir-dervisagic-1454962254-840973

Директорот на ЦИНС, Бранко Чечен изјави дека се одлучил на таков потег бидејќи Вучиќ пропуштил можност да почне вистински дијалог со медиумите во Србија.

– За мене беше лично понижувачки да седам на таа конференција со човек кој покажа дека ни малку не му е грижа за слобода на медиумите, и да разговарам за слободата на медиумите. Упште помалку сакам да слушнам од него за квалитетот на медиумите и за квалитетот на новинарската работа во државата. Ниту е стручен за тоа, ниту после се што направи во тој поглед тој човек има право да зборува за тоа, наведе Чечен.

По обраќањето,  Вучиќ одговараше на прашања само на странски новинари.

Претседателот на Независното друштво на новинари на Војводина Недим Сејдиновиќ го откажа учеството наведувајќи дека Вучиќ е „проверен непријател на медиумските слободи“, јавуваат српски медиуми.

Вучиќ беше министер за информации во време на владеењето на Слободан Милошевиќ. Во негово време во центарот на Белград беше убиен и познатиот српски новинар Славко Чурувија./МИА