Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, а се очекува силата на ураганот да се зајакне.

Најмалку три лица загинаа како резултат на поплавите предизвикани од тропската бура “Ото” во Панама. Евакуирани се над 4.000 лица во Костарика, соопштува АП. Според информација на Национален центар за урагани во Мајами, силата на ветрот на тропската бура во моментот е над 110 километри на час.
При лизгање на земјиште западно од престолнината Панама биле затрупани девет лица. Само седум од нив биле извадени живи. Освен тоа, во панамската престолнина загинало едно дете кое било убиено од дрво, што паднало врз автомобил пред училиште. Панама соопшти дека укинува наставата за денеска.
“Ото”, кој во моментов поминува низ Панама, се наоѓа на околу 400 километри од Костарика.
Стихијата се заканува на крајбрежјето на Костарика и Ниакарагва, метеоролозите предупредуваат за можно зајакнување на тропската бура до ураган.
Ото ќе е е првиот ураган, кој пристигна на Костарика, од почетокот на водењето на веродостојна евиденција во 1851 година. Панама е соочена со една од најтешките временски ситуации и има непосредна закана, изјави Хозе Дондерис, директор на службата за цивилна одбрана на земјата.
“Сезоната на урагани” оваа година донесе страшни разурнувања во земјите од Карибите. Најмоќните беше стихијата “Метју”, кој ја предизвика смртта на над 1.000 лица и хуманитарна катастрофа во Хаити. “Ото” може да биде последен ураган за оваа година.