Проклетите жени со повисока плата

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Жените кои се слават со проклет темперамент добиваат повисока плата. До овој заклучок дошле израелски научници, откако ги следеле приходите на 100 вработени во холандска IT фирма, соопштува Daily Mail.b30af7ea53de035b71f83e481b2b87fc

Сепак и најспособните жени во компанијата не можеле да достигнат повеќе приходи од колегите од посилниот пол.

Сепак, оние дами кои имале јасни барања кон шефовите и не правеле компромиси со нив, успевале да дојдат до подобар надомест, за разлика од другите жени кои имале благ карактер и не успеале да застанат зад своите желби, наведува весникот.

Шефот на истражувањето проф. Шарон Токер од Универзитетот во Тел Авив смета дека проблемот е во стереотипните претстави, според кои има типично женски и типично машки квалитети. Според зборовите на експертот, светот одамна се променил и тоа веќе не одговара на вистината.

Така се случува да поблагите жени се казнети финансиски, за тоа дека се добри, забележува професорот.

Проблемот станува уште посериозен, бидејќи и самите жени сметале дека добиваат повеќе отколку што заслужуваат.

Збирните резултати од студијата покажале дека без оглед на природата на жените, тие добивале доста пониска награда од таа на претставниците на посилниот пол, иако трудот не им бил помал од тој на мажите.