Раперот Кание Вест беше итно хоспитализиран во понеделникот, откако ги откажа сите преостанати датуми од својата турнеја.
Турнејата “Сент Пабло” требаше да трае до 31 декември, но Кание објави дека ги укинува сите преостанати 21 шоу.
Неколку часа подоцна жолт сајт соопшти дека раперот бил пренесен итно во болница, каде што му биле направени психијатриски тестови за ментална исцрпеност.
Во изминативе денови многу ѕвезди објавија статуси со поддршка за раперот. Пејачот Џон Леџенд по посетата на Кание изјави дека е загрижен од тоа што го видел.
Од август наваму Кание Вест, кој пред неколку дена најави дека ќе се кандидира за претседател во 2020г., одржа 40 концерти во Канада и САД. Освен тоа, во моментов тој работи и на модната колекција не само за сопствената линија, но и за “Адидас”.