Една домаќинка побара совет на интернет.
Да си домаќинка не е воопшто лесно, особено во тешки ситуации како оваа, а понекогаш и социјалните мрежи не можат да ни помогнат. Една очајна дама сподели слика од кујнскиот орман во својот дом во социјалната мрежа Фејсбук и замоли за совет како да го отвори.
За многу кратко време барањето успева да собере над 500 коментари.
“Орманот никогаш повеќе нема да може да се отвори”, вели домаќинката. Меѓу советите на познати и непознати од целиот свет, бидејќи оваа забавна слика беше споделена во голем број на странски сајтови, имаше такви кои велат да си отвори шише вино, да се опушти и да го почека сопругот.
Други ја советуваат да процени колку скапи се нејзините чиниите и ако се евтини само да го отвори орманот.
Според некои треба да го стави на подот или да го навали наназад и тогаш внимателно и со минимален ризик да ги извади чиниите.
Ние ве прашуваме со насмевка – вие како би одлучиле во овој домаќински проблем?