Криси Тејган: Примете извинување за мојата вагина

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Криси Тејган се извини дека за време на доделувањето Американските музички награди ѝ се виделе интимните делови.711d0be6e23ecc4d8a364eb1ecff4f22

Американскиот модел и сопруга на пејачот Џон Леџенд ја објави изјавата на Instagram, каде што има повеќе од девет милиони следбеници.

За време на свечената церемонија манекенката ги шокираше сите со шлиц на фустанот кој доаѓаше до половината.

Така се овозможи глетка, која очигледно покажуваше дека убавицата нема долна облека под фустанот.

“Да го прифатат извинувањето сите кои се почувствувале физички или психички малтретирани од мојата вагина”, напиша Тејган.

Исто така таа се заблагодари на организаторите на музичкиот настан на своите стилисти и на салонот за ласерско отстранување на влакна.