Пред неколку дена Кание Вест беше примен во болница во Калифорнија итно, непосредно пред свој концерт. Во моментов тој се лекува од “привремена психоза поради лишување од сон и дехидрација.”28174c3decbae2d69b5b685ee8f1f67c

Според новите публикации во жолтиот печат овој потег на раперот е со цел да  земе милиони од својата полиса за осигурување. Таа ќе му биде исплатена, само ако се докаже дека болеста му пречи на професијата.

Сопругот на риалити ѕвездата Ким Кардашијан беше примен во болница неколку часа откако ги прекина сите свои преостанати шест концерти од својата светска турнеја. Очевидци велат дека пред тоа изведувачот се однесувал чудно и дејствувал хаотично.

Според медиумите Кание се надева од осигурителната компанија дека ќе му исплатат 30 милиони долари отштета. Публикација на американски весник открива дека осигурувањето ќе му ги исплати на Вест не само парите за неговиот третман, но и оние кои тој ќе ги загуби при несреќа или болест која го спречува да работи.

Според информациите, раперот е задолжен со над 53 милиони долари само за минатата година. Во февруари тој направи изненадувачко признание на Twitter дека е врзан финансиски. Кание дури го замоли за финансиска помош газдата на Facebook – Марк Цукерберг.

Пред два месеци жената на носителот на “Греми”, Ким, стана жртва на грабеж во Париз, но според некои теории, тоа исто така било заговор измислен од Кание, за да се земат парите од осигурувањето на исчезнатиот накит.