Повеќе од 900 предмета беа дадени на аукција, посветена на филмската адаптација на романтично фантастичните романи “Самрак”.
Скапиот артикл е 14-каратниот прстен со циркониум, кој Бела Свон (во улогата Кирстен Стјуарт) го добива во филмот за свршувачката. Тој бил продаден на предан фан за 16 800 долари.
На второ место се наоѓа Шахот, на кој таа игра со љубениот вампирот – за него наддавањето стигна до 13 000 долари.
Друг дел од реквизитите, кој се радуваше на голем интерес беше дневникот на вампирот Едвард Кален, кој замина кај новиот сопственик за 7 800 долари.
Вкупната собрана сума од аукција е 765 037 долари – сума која според организаторите на аукцијата ја докажува важноста на серијата “Самрак” и феноменот кој таа го претставува.