Светлана Слапшак на КРИК фестивалот: Глупоста не треба да има право на глас

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Како да се возврати ударот на ширењето на национализмот, расизмот, на неразумните политики на идентитет според крв, а не според образование, како светот да ѝ се спротивстави на глупоста, беа дел од прашањата за кои говореше светски познатата Светлана Слапшак на вчерашното предавање на фестивалот КРИК.

krik-slapsak2

Таа смета дека во јавниот неолиберален дискурс пречесто и неосновано се користи зборот агресија:

Мора да постои стража на разумот, бидејќи во спротивно сè што е традиција на разумноста во европската традиција едноставно ќе исчезне.- Што е агресија? За агресија може да зоруваме само ако се работи за напад врз животот, агресија не е напад врз предмети. Како да разговарате со некој како Трамп, на пример? Каква дебата, каков дијалог можете да водите со некој што изјавува такви работи? Тоа треба целосно да се одбие. Решението е да има строги критериуми во јавниот говор. Таквите критериуми подразбираат и образование и слободни медиуми. Во првите децении на 21-от век научивме дека цивилизациските придобивки како што се човековите права, женските права, како нивен дел, се всушност реверзибилни, дека во секој момент можат да бидат уништени, ако тоа некому му падне на ум. Мора да постои стража на разумот, бидејќи во спротивно сè што е традиција на разумноста во европската традиција едноставно ќе исчезне. Мора да се затворат каналите и да се воведе строгост кон еден тренд кој се појави во медиумите во целиот регион, а и пошироко, а тоа е да се слушне и другиот глас. Не, тој глас не треба да се слушне ако се работи за глупост, глупоста не треба да има право на глас. Тоа може да ви звучи многу недемократски, но, всушност тоа е основата на демократијата. Во агората на стара Атина основата на демократијата било добро да говориш, ако некој не знаел добро да говори не можел да учествува во демократијата. Воведувањето на строгите критериуми е клучно. Единствено позитивно сеќавање што го имам од социјализмот на поранешна Југославија е тоа што општествената рамноправност се засноваше врз писменоста. Читањето беше услов на идентитетот, оној момент кога крвата стана услов на идентитетот – сè отиде по ѓаволите. Значи, треба да се воспостават критериуми, стража на разумот, за да се воспостават разумски системи. А за тоа се потребни медиуми, за жал социјалните медиуми досега не ја исполнија таа функција, рече Слапшак./Окно.мк