Алјаска е најсеверната држава на САД. Таа е мистериозна, невообичаена и со дивата природа не престанува да импресионира. Малку луѓе би можеле да се прилагодат на животот таму. Веројатно Алјаска е и едно од последните места за кои ќе се сетите, ако одлучите да емигрирате.
Во рубриката “Знаете ли дека …?” ќе ве запознаеме со некои интересни факти за Алјаска.
САД ја откупува Алјаска од Русија во 1867 година за скромните 7,2 милиони долари.
Алјаска е толку голема што во нејзината територија може да се нанесе површината на Њу Џерси цели 75 пати.

Талкеетна, мал град во Алјаска, бил предводен од мачка цели 15 години. Таа ги извршува функциите на градоначалник .
Најголемиот округ во Алјаска зазема територија, приближно еднаква на површината на Германија.
Во Алјаска има пицерија, која ја обезбедува пицата со авион .
Најсилниот земјотрес регистриран на територијата на САД бил со интензитет од 9,2 . Тој ја погодил Алјаска во 1964 година.
Во Алјаска има песочна пустина , колку и неверојатно да звучи. Нејзините дини се високи цели 45 метри. Тоа е најсеверната пустина во светот, која се наоѓа во долината Кобук.

Секој жител на Алјаска добива чек за околу 2 илјади долари годишно од доверителски фонд, формиран благодарение на профитот од продажбата на нафта. Овој фонд се користи за поддршка на загрозени лица, како и на семејства на работ на сиромаштијата.
Марихуаната во Аљаска е легална за лична употреба од 1975 година наваму.
Во Втората светска војна Јапонците ја нападнале Алјаска. Тогаш биле убиени повеќе луѓе отколку во нападот на Перл Харбор.
Алјаска забележува со најголем број силувања .
Алјаска е и со највисок процент луѓе, кои одат пешки до работа .
Еден брод , напуштен крај бреговите на Алјаска во 1931 година, е пресретнат да плови бесцелно во Арктичкиот Океан во 1969 година. Денес тој продолжува да се рее низ арктичките мориња, но никој не го детектира. Нема податоци и дека потонал.
Алјаска ја има најдолгата крајбрежна линија од сите Американски Држави, земени заедно.
Има само две држави во Америка, во кои температурата никогаш не надминува 37 степени . Тоа се Алјаска и Хаваи.