Уметникот Стјуарт Симпл ја создаде најрозовата розова боја за цртање во светот, објавија британски медиуми.
Творецот објави дека бојата ќе биде продавана во специјално создадена од него онлајн продавница, наречен CultureHustle, и ќе може да си ја купи секој, освен … Аниш Капур.
Минатата година Капур ја патентираше и ги доби ексклузивните права врз Vantablack – најцрната црна боја во светот. Како реакција Стјуарт Симпл решил да измисли нова боја и сега тегла со 50 г од розовиот пигмент во светот ќе биде достапна за секој за износот од 3,99 GBP.
На сајтот на уметникот купувачите треба да потпишат правно-обврзувачка декларација во која објавуваат дека немаат ништо заедничко со Аниш Капур.
Стјуарт Симпл е роден во 1980 година, студираше во Јоркшир и зад себе има повеќе од 15 меѓународни самостојни изложби во Милано, Лос Анџелес, Њујорк и др, како и над 40 учества во групни изложби во Мелбурн, Милано, Москва, Даблин, итн. Уметникот често предава за неговата уметност во различни уметност институции ширум светот.