Ким Кардашијан и нејзината сестра Клое се бореа еротски во нечистотија, во името на тоа да ја рекламираат колекцијата облека Yeezy на Кание Вест.
Двете риалити убавици се снимени од најпочитуваните модни фотографи Мерт Аласан и Маркус Пиџо.
Тие носат облека од контроверзната модна линија на раперот кој е сопруг на Ким. Не е јасно кога точно била направена фотосесијата, но се знае дека е снимена во домот на Клое во Калабасас, Калифорнија.
Пред неколку дена Вест беше примен во болница во Лос Анџелес, каде според официјалната информација, ќе се лекува од стрес и дехидрација.
Според медиумите во САД, сепак, Кание има сериозно ментално растројство кое провоцира агресија и го прави опасен не само за него самиот, но и за неговите блиски.
Се смета дека 39-годишниот рапер страда од привремена психоза предизвикана од лишување од сон. Поради загрижувачката состојба тој ја откажа својата светска турнеја.

Фото: 032c
