(ВИДЕО) Предпладневна изборна хроника

од desk3
69 прегледи

СДСМ денеска одржаа средби со граѓани во струшко.

img_3252

“Денеска сме во Струга и во струшко. И навистина не радува големата поддршка која ја добиваме и овде, во Лабуништа.

Сите граѓани, низ цела Македонија, низ цела Изборна единица 5 ја праќаат истата порака. Дека сакаат општество во кое сите сме еднакви, во коешто државата е солидарна и хумана кон сите луѓе, и во коешто заедништвото е поголемо од поделбите.

Видовме каде не носи политиката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поделби, омраза, кавги, додека тие многу сложно и многу братски си ги делат тендерите и бизнисите.

Ние ставаме точка на таквата политика. Ќе градиме држава во која секој е важен. Во која секој граѓанин на Република Македонија, без разлика на етничката, верска или политичка припадност, ќе ги ужива сите права и ќе има шанса да гради живот овде, во Македонија.

И Лабуништа и струшко и цела Македонија, гледа како младите заминуваат од државата. Цели региони и цели села се прехрануваат со парите коишто ги добиваат од нашите иселеници.

Ние имаме план како да направиме животот да е подобар во Република Македонија.

Имаме план со кој ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да создаваат нови работни места, и за да обезбедуваат повисоки плати.

На тој начин платите, стандардот ќе расте, на тој начин ќе растат и пензиите, и на тој начин и младите и возрасните ќе одлучат да останат овде а не да заминуваат.

Имаме План за живот во Македонија, а по 11 декември заедно ќе го реализираме.”-изјави Радмила Шекеринска.

milososki-1-640x359

 

– Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите за 10,25 насто, изјави Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 5.

На денешната средба со битолските пензионери тој најави и други проектни активности како континуитет на досегашната соработка и поддршка на организацијата на пензионерите во Битола.

– Во наредниот период ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 насто, програмата за бањско-рекреативно одење на пензионерите на бањи ќе важи за 22.000 пензионери и, исто така, ќе бидат овозможени рекреативно туристички викенди за 15.000 пензионери. Новина е воведувањето на проектот бесплатно вакцинирање на пензионери со најниски примања. Сметаме дека пензионерите освен што се важен дел за нас како политичка партија, туку се уште поважен дел за нивните семејства на коишто им помагаат толку колку што се може, рече Милошоски.

На денешната предизборна посета во Битола, Милошоски потврди дека во овој град ќе биде изграден голем спортски центар со затворен базен, спортска сала со 6.000 седишта, сала за борачки спортови и за гимнастика, а во текот на следната година ќе почне изградба на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.

 

15208981_345459785819419_1264635001_n

На прес конференцијата на Коалицијата за Промени и Правда, Павле Трајанов, носителот на кандидатската листа во првата изборна единица во Скопје, меѓу другото рече:

Подолго време во јавноста се шпекулира и експлоатира тезата за некаква федерализација и кантонизација на Македонија.

 

Ова е стара приказна, која влече корени од 2001 година, кога раководството на ВМРО – ДПМНЕ, каде беше член и Никола Груевски, порачаа од МАНУ, проект за размена на територии и население, како и карти, за тоа како треба да се направи поделбата на Македонија.

Тие што заговараа поделба и разнебитување на државата, обвинуваат дека некој друг сака да го направи тоа.

Губитниците во политиката, кога немаат концепт за излез од кризата што ја генерирале или се фатени на дело во тежок криминал, се повикуваат на патриотизам, грижа за државата, како и тоа дека државата е загрозена од странски сили.

Нашиот став е кристално јасен и чист: “Ние сме за Унитарна Македонија и најенергично ги отфрламе идеите за федерализација и кантонизација или било какви други поделби на државата и граѓаните.”

Инаку, наш врвен приоритет е стабилноста и економскиот развој.

Меѓу другото, ќе спроведеме референдум за работното време да почнува во 07:00 часот.

Тоа навидум е ситна работа, но од тоа зависи квалитетот на животот на семејството и посебно грижата за децата.

За нас е најважен човекот и семејството, затоа предлагаме вакви решенија.

Силата е кај граѓаните и затоа водиме сметка за нив.

Предлагаме и други промени корисни за граѓаните: 100 денари такса за остварување права пред судот, намалување на казни за физички и правни лица за две третини, укинување на радиодифузна такса и др.

Коалицијата за Промени и Правда има одличен концепт за економски пресврт, во кој меѓу другото предвидуваме отворање на 30.000 мали фирми во кои ќе се вработуваат од 3-5 млади кадри, како и 2% од Буџетот за вработување и други проекти, повторно за невработените – млади и стручни кадри.

“Не се плашете, режимот ќе падне!”

Во Градскиот трговски центар имавме прилика да се увериме и на дело да ги видиме реалните последици од микороекономската политика и односот кон малите и смејни бизниси и претпријатија од страна на ДПМНЕ, Никола Груевски и неговото семејство, рече носителот на кандидатската листа во изборната единица 1 од коалицијата ВМРО за Македонија, Ден Дончев-пренесе А1он.

 

– За иронијата да биде поголема, еден од главните креатори на таа микроекономска политика е „големиот вмровец“, Амди Бајрам. Односот на оваа влада кон домашните инвеститори, кон малите семејни претпријатија и бизниси на дело покажа многу лоши резултати. Овде во ГТЦ, пред 10-15 години домашните инвеститори кои се преку 85% од самиот ГТЦ. Ако ги купувале локалите по 2-3 илјади евра од метар квадратен, денеска е прашање дали можат да ги продадат по 500 евра на квадратен метар, рече Дончев.

Според него, Груевски после 10 години владеење успеал да го уништи главниот приход на малите и средни претпријатија кои се борат за егзистенција.

 

 


СДСМ денеска одржаа и прес конференција за да укажат дека нема да има никаква толеранција за насилството.
“Денеска сме тука за да покажеме дека сите се важни, дека секој мора да ги ужива
истите права пред законот и сите да бидат еднакви. Тоа значи посебна грижа од државата и заштита за најранливите. Ветуваме дека нема да има никаква толеранција за насилството.

Ќе ја ратификуваме Истанбулската конвенција на Советот на Европа за спречување и
борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година.
Ќе донесеме нов Закон за родово базирано насилство, ќе го измениме Кривичниот
закон и ќе воведеме одредби за сите форми на родово базирано насилство.
Ќе воспоставиме мрежа на стандардизирани институции која го гарантира
минималниот пакет на услуги за заштита од домашно насилство.
Ќе ги вклучиме здруженијата на граѓани во нудење на услуги за превенција и
заштита од родово базирано насилство. Тие ќе бидат поддржани преку насочени
грантови, шеми за обезбедување на соодветна, квалитетна и специјализирана
поддршка. Тука зборуваме за психо-социјална поддршка за жртвите на силување,
кризни центри за жртвите на силување, како и засолништа.
Ќе обезбедиме казнено-правна заштита за децата кои биле сведоци, односно жртви
на родово засновано насилство, вклучително и домашно насилство. Ќе воведеме
правила со кои ќе се гарантира остварувањето на најдобриот интерес на детето.
Државата не смее да ги остави своите граѓани сами да се справуваат со проблемите.
Таа ќе биде тука и ќе им пружи заштита кога им е најпотребно.”-изјави Дамјан Манчевски