Политичката кариера на германскиот социјалдемократ Мартин Шулц изгледа оди само по нагорна линија. Само во родниот град Вјурзелен, Северна Рајна-Вестфалија, досегашниот претседател на Европскиот парламент има проблеми, коментира националниот весник Die Welt .

Обвинителството во Ааахен истражува 26-годишен маж од Вјурзелен,  за нацртани графити во кој Мартин Шулц е дефиниран како “нацист”. Сепак ова не е единственоата му мака кон социјалдемократот – во јануари, февруари и март оваа година младиот маж за е обвинет за  фрлање шишиња полни со цигари догорчиња , пикавци , во родната куќа на Шулц.

Според истражните органи  неговите активности се испровоцирани побрзо од лични, отколку од политички мотиви.