(ВИДЕО) Да не се заборави: Русија протестира против украинските ракетни вежби над Крим, пред 15 години Киев по грешка урна патнички авион

од Vladimir Zorba
107 прегледи

1480180296-ehbewer

Украинското воено аташе бил повикано итно во Министерството за одбрана на Русија во врска со намерите на Киев за спроведување на ракетни вежби во близина на територијата на Крим, соопшти “Првиот канал “. Во протестната нота се вели дека слични активности ги нарушуваат границите на Руската Федерација и спротивно се на нормите на меѓународното право.

Ден порано Киев ја прошири информацијата за официјално предупредување дека поради воени маневри на 1 и 2 декември реонот на Керченскиот залив се прогласува опасна зона. Од руската авијацијаодговорија дека активностите на Киев се нелегални, но истакнаа дека прашањето за затворање на воздушниот простор не стои.

Оттаму предупредија дека во реонот минуваат многу патнички правци и дека при пукањето можат да ги загрозат авионите. Уште повеќе што има преседан: пред 15 години за време на вежба украинските воени симнаа патнички авион, кој патувал од Тел Авив за Новосибирск. Сите патници загинаа.