Нема ништо попрекрасно од топол домашен комфорт кога надвор температурите се ниски. Се разбира, оваа идила не би била комплетна доколку не додадеме и нешто слаткичко, само така, за раскош.
Денес ќе ви направиме токму таква идеја, како да се поставите за претстојните празници, да го засладите денот и сето тоа без да мора да биде на сметка на здравјето.
Видео рецептот денес е за подготовка на овошна салата со боровинки.
Ќе ви бидат потребни:
1 зелено јаболко
350 г свежи боровинки
1 мандарина
50 г ореви
85 г желе од малина
½ ч.ч. шеќер
Како да си направите овошно задоволство – видете сами