Над 80 дела на Пабло Пикасо се изложени во Националната галерија на портрети во Британија. Се работи за едно од најголемите изложувања на портрети на големиот шпански сликар. Во 1996 Музејот на модерна уметност во Њујорк го има направено сличниот потфат. Ова е ретка можност да се видат портрети на големиот сликар каде се вклучени фази од неговите млади години и реалистичните портрети, се до спонтаните и кубистички платна. Портретите на Олга во реалистична и кубистичка експресија се само дел од големата колекција која ќе биде изложена до 5 феврури во НПГ.
