83
Алжир прогласи осум дневна жалост поради смртта на кубанскиот револуционер и поранешен претседател Фидел Кастро.
Алжирските медиуми го опишаа Кастро како голем пријател на Алжир кој дал голема поддршка на земјата во отпорот против Франција во периодот од 1954 до 1962 година.
Кабинетот на претседателот на Алжир соопшти дека претседателот Абдулазиз Бутефлик донел одлука за осум дневна жалост по повод смртта на Фидел Кастро, а одлуката стапува на сила утре.
Кубанската власт прогласи девет дневна жалост поради смртта на Кастро која ќе заврши на 4 декември кога и ќе биде положена неговата урна во градот Сантијаго де Куба.