Пејачот Ед Ширан бил пренесен во болница, откако за време на забавата британската принцеза Беатрис го исекла со меч.
Инцидентот се случил додека принцезата, која е седма по ред за наследување на британскиот престол, на шега му доделувала витешко звање на друга ѕвезда – Џејмс Блант.
За време на секуларниот настан во Виндзор пејачот се пошегувал дека би сакал да стане витез. Во овој момент Беатрис донела церемонијален меч и замавнала, без да знае дека Ширан е зад неа.
Тој му нанела исекотини по образот и тој веднаш бил одведен во болница. Според некои британски медиуми Ширан бил среќен за малку, бидејќи можел да ослепее ако раната била малку повисоко.
Претставници на принцезата Беатрис и жртвата сè уште не го коментираа инцидентот пред печатот.
Во 2012 година младиот Ширан доби две награди Бритза “Најдобар машки соло уметник” и за “Пробивот во британската музика”. Во 2015 година доби награда Брит за “Најдобар британски албум на годината”, и беше номиниран за Албум на годината на 57-ите годишни награди Греми.
Принцезата Биатрис е блиска пријателка и со актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер.