На 26 ноември кубанските власти официјално ја објавија веста за смртта за сметаниот како еден од најголемите диктатори во светската историја – Фидел Кастро. Додека улиците во Куба стивнаа од веста, во САД имаше и такви Кубанци кои излегоа за да ја прослават неговата смрт.
Кастро се раѓа во 1926 година. Тој е плод на врската помеѓу богат трговец и една од неговите слугинки. Фидел има двајца браќа и шест сестри. Денес во рубриката “Знаете ли дека …?” споделуваме некои интересни факти за него.
Знаете ли дека Кастро е роден на петок 13-ти? Месецот е август.
Политичките односи меѓу САД и Куба се влошуваат кога Куба воспоставува дипломатски односи со Советскиот Сојуз.
Во 1961 година добива ленинистичка награда за мир од советската влада.
Знаете ли дека имало повеќе од 600 обиди за убиство на Фидел Кастро од ЦИА, додека бил на власт?
Речиси секогаш кубанскиот диктатор се појавувал на официјални средби со воената униформа.
Фидел Кастро го држи рекордот за најдолг говор – цели 4 часа и 29 минути, на 26 септември 1969 година на состанокот на ОН.
Тројца од неговите синови се крстени на Александар Велики – Алексис, Алехандро и Александар. Се смета дека тој има повеќе од седум деца, бидејќи имал и многу љубовни врски.
Знаете ли дека Фидел Кастро и Нелсон Мандела имаат заедничка книга? Се вика “How Far We Slaves Have Come!”
Уште додека бил жив Кастро одбивал неговата личност да се прифаќа како култ. Затоа во Куба нема улици, згради или институции кои го носат неговото име.
Кастро управува Куба во текот на 5 децении. Тоа го прави трет шеф на државата, кој најдолго заземал таква позиција, по кралицата Елизабета и кралот на Тајланд.
Во 1945 година Кастро започнува да студира право на Универзитетот во Хавана.
Во 1947 година се приклучува на Партијата на кубанскиот народ.
Примајќи го марксистичко-ленинистичкиот модел на развој, Кастро станува Куба во еднопартиска социјалистичка држава.
Во 2006 година го предава управувањето на својот брат Раул Кастро, бидејќи има здравствени проблеми. Две години подоцна Раул стапува официјално на должноста претседател на Куба.
Постојат голем број на култни слики на Кастро, на кои тој е снимен со пура во раката. Во 1985 година тој се откажува од штетната навика. “Најдоброто нешто што можете да го направите со оваа кутија пури е да ги дадете на вашиот непријател.”